Војвотката од Сасекс Меган Маркл покажа нов изглед кој многумина ги потсети на Кејт Мидлтон, а за таа прилика ја промени и фризурата.
Маркл дебитираше со елегантно исправена фризура кога се појави преку видео врска на ТЕД, а говорот на нејзината пријателка фотограф Мисан Хариман за време на викендот, предизвика шпекулации меѓу публиката која сето тоа го испрати и на социјалните мрежи.
– Тажната Меган Маркл сака да биде Кејт Мидлтон – напишал еден корисник на Твитер, прашувајќи дали поранешната актерка сменила повеќе од само фризурата.
Друга тврдела дека Маркл ја променила бојата на очите за да личи на Кејт.
– Боже. Меган Маркл, која е љубоморна и опседната со принцезата од Велс, носи контактни леќи за да изгледа како Кејт.
„Изгледа дека се обидува да личи на Кејт… но тоа нема да се случи“, огорчено твитнала друга.
– Меган немаше пластична операција. Се работи за осветлување, агли и контурирање. А зацрвстувањето на косата е нешто што го прават многу црнкињи – пишува NY Post коментар од обожавателка.
Некои коментатори се убедени дека Меган сакала да изгледа како холивудска ѕвезда:
– Дали сака да биде Џенифер Лопез, Ким Кардашијан или Џенифер Анистон? – пишува во коментарите под видеото.
Бидејќи Меган не беше видена во јавноста во последните месеци, многумина шпекулираат дека таа била на пластична операција.
Фото: Принтскрин/ЕПА/ЕФЕ/Џулијан Смит