Радио Милева како друга жена

Мег Рајан тврди дека не направила никаква корекција, но на најновите фотографии таа изгледа непрепознатливо (фото)

Мег Рајан тврди дека не направила никаква корекција, но на најновите фотографии таа изгледа непрепознатливо (фото)

Експерт во пластичната хирургија истакнува дека Мег Рајан имала лош фејслифтинг, односно филерите не и биле поставени во вистинската насока. Како што истакнува, наместо вертикално, кај неа ги поставиле хоризонтално. Хирургот Ризк објаснил како изгледа нејзиното лице сега во споредба со старите фотографии.

„Издајник“ за хоризонталната операција е нејзината уста. Кога беше помлада, устата и беше помала. Погледнете ги нејзините усни, сега тие се двојно поголеми. Таа има филери за усни“, вели тој.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Meg Ryan (@megryan)

Хирургот исто така наведува дека и во нејзините образи бил инјектиран ботокс, бидејќи образите не можат да станат поголеми како што стареете. Сепак, актерката и понатаму тврди дека не направила никакви третмани или операции за разубавување на лицето.

Инаку, фановите на Мег Рајан беа воодушевени од фактот што 61-годишната актерка се врати на снимање филмови, но нејзиниот нов изглед ги разочара, бидејќи со години важеше за една од поприродните жени во Холивуд.

За потсетување, Мег Рајан по осум години се врати на актерството, каде реши да глуми во филмот „What Happens Later“. Многумина ја паметат по улогите во романтичните филмови како „When Harry Met Sally”, „You’ve Got Mail”, „Sleepless in Seattle”, „When a Man Loves a Woman” и други.

фото:Instagram printskrin/Twitter

To top