Секоја година американскиот News & World Report ги рангира најдобрите диети. Трета година по ред, медитеранската исхрана е прогласена за најдобра диета.
Нутриционистите и кардиолозите ја прогласија медитеранската исхрана за најдобра диета.
Рангирањето се темели врз основа на седум категории според кои секоја диета е оценета на скала од 1 до 5. Категориите се: нутритивна вредност, едноставност на диетата, потенцијал за краткорочно и долгорочно слабеење, сигурност, можност за нуспојави и потенцијал за спречување на кардиоваскуларни заболувања и дијабетес.
Медитеранска диета
Медитеранската исхрана е прогласена за најдобра и наједноставна диета која ја спречува појавата на дијабетес бидејќи се темели на намирници од билно потекло.
Медитеранската исхрана се состои од свежо овошје и зеленчук и многу малку шеќери и црвено месо. Концептот на медитеранската исхрана доаѓа од земјите коишто граничат со Средоземното Море и консумираат јаткасти плодови и здрави масти.
Луѓето коишто живеат на овие подрачја водат здрав живот.
Медитеранската исхрана се темели на морска храна, свежи производи, житарки, јаткасти плодови и семки.
Овој начин на исхрана е богат со витамини, како и важни хранливи состојки како што се влакна и полифенол.
Медитеранската исхрана може да и спречи појава на неколку видови на карцином.
Може да ви помогне и во процесот на слабеење.
Со оглед на тоа дека диетата се фокусира на здрави масти како што се маслиново масло, авокадо и лосос, може да го намали и лошиот холестерол кој е главна причина за кардиоваскуларни заболувања и дебелеење.