Радио Милева спомени

„Ме турнаа облечена во базен“: Лепа Брена откри која новогодишна ноќ ќе ја памети засекогаш (фото) 

„Ме турнаа облечена во базен“: Лепа Брена откри која новогодишна ноќ ќе ја памети засекогаш (фото) 

Пејачката Лепа Брена евоцираше спомени од периодот кога нејзините деца биле мали.

Таа откри дека и недостига празничната еуфорија која некогаш владеела во нивниот дом на Бежанијска Коса.

„Кога децата заминуваат од дома, а живете во некоја голема куќа и поминувате покрај вратата каде што некогаш живееле деца, тоа е тажно. Посебно овој месец декември кога подготвувавме подароци, каде готвевме и се подготвувавме секој ден, каде имаше многу снег, каде беше украсена куќата… Сега е сето тоа празно и утеха наоѓав во бизнисот и концертите, “, кажала таа., пренесува Курир.

Како што рекла, посебно се сеќава на една новогодишна ноќ.

„Имаше снег и многу паќетчиња, како и пријателите на нашите деца. Децата рекоа ајде сите да одиме на базен. Потоа ме турнаа облечена во џемпер и чизми во водата, со сета таа облека. Отпрвин бев некако шокирана, бидејќи никогаш не би го направила тоа. А кога подоцна видов колку им е смешно и колку радост им носи, реков: „Зошто да не?“ Понекогаш човек треба некако да се опушти“, додала пејачката.

Брена кажала и каков совет би им дала на Александра Пријовиќ и Филип Живојиновиќ кога е во прашање присуството во медиумите и кога станува збор за различни написи во медиумите.

„Имам совет за Филип и Александра дека воопшто не треба да внимаваат на напишаното. Многу е важно да не верувате во сите тие пофалби за себе. Ние сме ѕвезди само на неколку часа на таа сцена, а тој приватен живот треба да се организира за да имате прекрасен баланс помеѓу професионалниот и приватниот живот“, искрено изјавила таа, пренесува споменатиот медиум.

Фото: Printskrin/Instagram/lepabrenaa

To top