Радио Милева тешки моменти

„Mе остави кога најмногу ми требаше“: Шакира го разоткри поранешното момче (фото)

„Mе остави кога најмногу ми требаше“:  Шакира го разоткри поранешното момче (фото)

Шакира раскажала дека со својот татко има врска како со најдобра пријателка и како не можела да поверува дека фудбалерот ја изневерувал во моментите кога татко и бил во кома.

Откако дозна дека Жерар Пике (36) ја изневерува со Клара Чиа Марти (23), пејачката Шакира (46) минува низ тежок период во животот. Сега проговори низ каква драма поминувала, бидејќи покрај раскинувањето во тој момент и се случувала уште една тешка животна ситуација.

Шакира раскажа како нејзиниот татко Чадид (91) паднал на причестувањето на нејзиниот син Милан и завршил во индуцирана кома.

– Сè се случи одеднаш. Домот ми се распаѓаше. Преку медиумите дознав дека ме изневерувал додека татко ми бил на интензивна нега, изјавила Шакира.

Пејачката изјавила дека во тој момент не можела да оди кај нејзиниот татко за совет бидејќи бил во кома. Нејзиниот татко е како нејзин најдобар пријател… – Човекот што најмногу го сакав во животот, татко ми, ме остави кога ми беше најпотребен.

Фото: Принтскрин/Цезар Луис де Лука/ДПА/Ројтерс

To top