Трендовите во модата подеднакво ги опфаќаат како оние горни слоеви на облека, така и оние долните алишта во кои спаѓаат женските градници и машките и женски маички и гаќи.
Судејќи според предвидувањата на модните експерти кои ги следат развојот и тенденциите на трендовите, кога станува збор за женската долна облека, многу мажи ќе останат разочарани бидејќи во мода се враќаат „бапските“ женски гаќи.
Гаќите со висок струк веќе ги преплавија „онлајн“ продавниците како Nordstrom, Shopbop и Need Supply.
Иако веројатно се најудобните гаќи кои воопшто постојат, последниве години ги биеше лош глас, поради што многу жени на големо ги избегнуваа. Оваа година „бапските“ гаќи украсени со чипка и други декоративни елементи од луксузен сатен се враќаат на голема врата, поради што сè помалку жени нема да успеат да им одолеат на овие модели.