Пејачката Радмила Манојловиќ последниве години многу отворено ги искажува своите ставови и идеи, поради што многумина ја критикуваат, но повеќето ја ценат нејзината искреност. Овој пат таа јасно им кажа на мажите што очекува од нив за да се согласи да се омажи.
Рада гостувајќи во емисијата на Сања Маринковиќ со колешката Нада Обриќ, новинарката Симонида Милојковиќ и водителката Наташа Павловиќ зборуваше за нејзините очекувања кога е бракот во прашање.
Како и секогаш, Рада е на став дека бракот нема да и „побегне“ и дека и таа ќе „застане на лудиот камен“:
– И полоши се венчале… Човек треба да ти даде нешто, не може туку така да постои – рекла Рада.
Фото: Принтскрин/Новости/Ата Имаџес/Јутјуб РТВ Пинк