Некогашната новинарка и ТВ водителката Марија Петровска, која со години беше „трејед марк“ на најгледаниот естраден ТВ магазин „Бекстејџ“, љубовта и животните околности ја однесоа во Словенија, каде речиси по седум години заедничко живеење со нејзиниот избраник, Михаел Сказа, ја очекуваат првата принова.
Бременоста на популарната Маца е во напредна фаза, па откако неодамна блиските пријателки во Словенија и организираа „baby shower“ за бебето кое чиј пол е веќе познат, сега таа реши да направи нешто друго. Нешто што наликува на она што често го прават сцетски познатите личности, филмските, музичките и ТВ ѕвезди кога се во блажена состојба. Така и Маца, налик на нив направи трудничка фотосесија, па некогашната водителка на „Бекстејџ“ се сликаше подразголена, со голо трудничко меше во прв план.
Малку црно бело, малку во боја, сама и фул облечена, малку заедно во прегратките на нејзиниот избраник Михаил, со ехото од бебето в раце. Со нивниот син, во очекување да го здогледа овој свет.
Во црн долг труднички фустан, насмеана и блажена, Марија и како трудница изгледа мошне грациозно и елегантно…
Позите пак во раскопчана црна рокерска кожена јакна или само по фармерки и градник, во раскопчана бела кошула кои јасно го потенцираат трудничкиот стомак на водителката, само ја надополнуваат совршената трудничка фотосесија.
Среќна и задоволна, исполнета со радост во исчекување на најсреќниот момент во животот Маца едноставно блеска… А нејзиното трудничко меше уште повеќе… Како дијамант на свршенички прстен кој е гордо истакнат.
И додека речиси се’ е поподпознато и подготвено „штркот да слета“ во нивното семејно гнездо, остана наепознаница само потенцијалното име на синот кое Маца се’ уште не го соопштила. Не барем јавно, освен, можеби на најблиските. Освен, ако и самата таа и нејзиниот партнер Михаел се уште не одлучиле дефинитивно како ќе се вика нивното синче. Ако е до кумот, време е да се изјасни!
Фото: Инстаграм принтскрин/marija_petrovska