Радио Милева
невозвратена љубов

Маца Дискреција заработува од провокативни фотографии, а ќе се изненадите колку е богат нејзиниот татко (фото)

Маца Дискреција заработува од провокативни фотографии, а ќе се изненадите колку е богат нејзиниот татко (фото)

Мајката на Маца Дискреција имавме можност да ја видиме, а старлетата ретко зборуваше за нејзиниот татко, па тој остана мистерија за јавноста.

Сенада Нуркиќ, попозната како Маца Дискреција, се прослави со учеството во реалните шоуа, а откако отвори сметка на веб-страницата за возрасни, барем засега не сме ја виделе во „нормални формати“. Родена е на 9 март 1991 година во Тузла во Босна и Херцеговина и потекнува од сиромашно семејство составено само од нејзината мајка Енеса Нуркиќ, која се обидела да и обезбеди на ќерката се што е во нејзина моќ.

Енеса за време на учеството на нејзината ќерка во реални шоуа неколку пати се огласуваше за медиумите, а никој немаше можност да го види нејзиниот татко, па дури ни Маца. Старелта никогаш не го запознала својот татко, кој ниту пак некогаш сакал да се грижи за неа. Енеса во емисијата „Гламур“ изјави дека таткото на Маца кога дознал дека е бремена и понудил пари за да абортира. Во времето кога Енеса забременила, тој бил оженет, а Енеса раскажала повеќе детали од таа приказна.

“Никогаш не криев од неа кој е нејзиниот татко. Таа беше полнолетна. Не барав да ја препознае, тој беше оженет, не сакав да растурам ничиј брак. Тогаш немав никакво искуство за да се заштитам. Се породив на  20 години, а сега имам 71 година, тој тогаш имаше четиригодишна ќерка, ми даде пари да се исчистам, но јас не сакав да се чистам, не е само тој виновен и јас сум виновна што не се распрашав. Таа е плод на невозвратена љубов и реков  дека сама ќе преземам одговорност, макар и да спиев на пат’ и навистина не ми дозволија да ја донесам дома. Дури по неколку дена ме примија очувот и мајка ми. И направив се што можев за таа да има се што сака“, објаснила мајката на Маца.

Маца рекла и дека го барала својот татко и не можела да го најде, но тоа, како што тврди нејзината мајка, не е точно, бидејќи знаела каде живее нејзиниот биолошки татко.

– „Таа рече дека не знаела кој и е татко и дека го бара, но таа знае се! И кога беше доволно стара и реков да оди да се запознае со него. Татко и беше пејач, тој беше богат, а таа се интересираше за него поради тоа што го имаше Но, таа не отиде да го запознае, иако можеше“, откри Енеса.

Маца уште од мала сакала да стане позната и пеела каде и да има прилика. Таа се пријави на аудиција за музичкото шоу „Можеш да бидеш ѕвезда“, но не влезе ниту во вториот круг. Првиот дел од прекарот го добила затоа што е „симпатична како мачка“, а вториот затоа што во интервју за ТВ Пинк БиХ, еден новинар ја прашал: „Дали некој маж се развел од неа“ таа одговори: „Нема потреба за тоа. Дискрецијата е загарантирана“.

Фото: Принтскрин/Дамир Дервишагиќ

Останати вести од Радио Милева