Живот и Стил

Маслиновото масло во борба против проширените вени: За да не се срамите повеќе да носите здолниште

Маслиновото масло во борба против проширените вени: За да не се срамите повеќе да носите здолниште

Оваа исклучително лековита билка кај нас е позната по своите својства да ги исцелува раните и оштетувањата на кожата.

Невенот е билка која потекнува од Индија. Најголем број магиски обреди ширум светот се направени токму со оваа билка.

 

Невенот има исклучителна убавина со својата едноставност и фасцинантна портокалова боја.

 

Откриено е дека оваа билка има способност да ги прочистува крвните садови, да ги релаксира и да го зголемува нивниот лумен (внатрешниот простор), како и да го намалува нивото на холестерол во крвта, особено во комбинација со глуварчето, глогот и ресникот (Eupatorium cannabinum).

 

Најновите истражувања покажуваат дека невенот го намалува крвниот притисок и делува благо седативно бидејќи ги релаксира крвните садови и го зголемува луменот, па се препорачува и при ангина пекторис.

 

Како се приготвува ова масло?

 

Наберете 50 цветови невен, добро измијте ги и исушете ги од водата, па потопете ги во поголема тегла и налијте 1 литар маслиново масло.

 

Теглата затворете ја и оставете да отстои 4 до 5 седмици на сонце. Потоа маслото можете да го процедите, но не мора.

 

Ова масло се користи за зацелување на изгореници, за ублажување на проширени вени, за исцелување на кожата и заштита од сончевите зраци.

 

Можете да направите и мевлем против проширени вени:

 

Загрејте половина килограм свинска маст на тивок оган.

 

Кога целосно ќе се растопи, додадете две шаки свежи цветови невен и една шака исушени зелени, боцкави лушпи од див костен.

 

Оставете да запени, тргнете од оган и мешајте 5 минути. Поклопете и оставете на ладно место да отстои 24 часа.

 

Потоа лесно загревајте со постојано мешање додека целосно да се растопи.

 

Процедете низ стерилна газа и складирајте во чиста и сува тегличка.

 

Се чува на темно и суво место.

 

Вените се мачкаат со мевлемот секоја вечер, без масирање, одоздола нагоре. Притоа треба да се пие чај за прочистување на организмот.

Извор: Попара

To top