Живот и Стил

Маска против темни кругови под очите

Маска против темни кругови под очите

Темните кругови околу очите се секојдневен проблем за голем дел од луѓето. Меѓутоа за среќа, дури и веќе да се појавиле во денешно време можете успешно да се преборите со нив и лесно да ги отстраните. Темните кругови околу очите ги предизвикува природната пигментација на кожата, но и проширените капилари. Вреќичките под очите и потечените очни капаци се резултат на насобраната течност во поткожното ткиво поради слаба микроциркулација.

Компирот содржи соединенија кои можат да помогнат за ублажување на темните кругови, бидејќи делуваат како природен пилинг. Маслиновото масло ќе помогне за затегнување на кожата околу очите, а медот помага за потхранување и навлажнување на погодената област.

Начин на подготовка: Излупете 1 компир и изрендајте го на ситно. Кон него додадете 1 лажица мед и една лажица маслиново масло. Измешајте добро и нанесете ја смесата под долните очни капаци. Оставете ја смесата да стои половина час и измијте го лицето со млака вода. За да ги ублажите темните кругови, нанесете ја маската пред спиење, така ќе има поголем ефект врз кожата.

To top