Радио Милева

Мартинијан Кириловски ја покажа својата романтична страна, а ја откри и девојката која му го освои срцето (фото)

Мартинијан Кириловски ја покажа својата романтична страна, а ја откри и девојката која му го освои срцето (фото)

Кумановецот Мартинијан Кириловски вежеше за еден од фаворитите за победа во „Ѕвездите на Гранд“, а иако не ја зема главната награда и првата позиција, Мартинијан е морален победник и миленик како на македонската, така и на публиката во регионот.

И по завршувањето на шоуто, Мартинијан е интересен за српските медиуми кои не ретко знаат да напишат по нешто за овој наш одличен млад пејач.

фото:инстаграм/мартинијанкириловски

Беше милениче на Јелена Карлеуша која го нарекуваше „кукло моја“, а сигурно таа наклонетот на Карлеуша му донесе привилегија за поголема популарност.

Мартинијан е активен корисник на социјалните мрежи, а на неговиот профил може да се видат доста фотографии од неговата приватност, но се забележува и неговата романтична страна кон девојката во неговата прегратка.

фото:инстаграм/мартинијанкириловски

-Насмевката на твоето лице ми кажува дека ти требам. Вистината во твоите очи кажува дека никогаш нема да ме оставиш. Допирот на твоите раце кажува дека ќе ме фатиш кога и да паднам, пишува роматничниот Мартинијан во описот на една од фотографиите каде е со девојката која вака го инспирира.

Знеме дека музиката му е во срцето, но сега уште повеќе е јасно од што талентираниот Мартинијан е инспириран кога пее со толку емоции.

To top