Времето си мнинува многу брзо, а промените сакале ние или не – доаѓаат. Оние кои пред некое време ни се чинеле мали, денес пораснале, се смениле.
Мартија Станојковиќ, девојченцето со ангелски глас кое ја направи Македонија горда со својот талент на музичкото шоу „Пинк ѕвездички“ во текот на 2015/16 година каде го освои второто место, а потоа не претставуваше и на детската Евровизија, денес тешко би ја препознале.
Таа е млада талентирана дама која полека, но сигурно се пробива на македонското музичко небо.
Музички последно беше активна на фестивалот „Макфест“, каде со песната „Возбуда и љубов“ зема награда за најдобар сценски настап.
Каде и дас се претстави, Мартија доминира, а периодов тоа особено е така на Инсатграм каде за своите модни фотографии собира и над 10-ци илјади лајкови.
Нејзините изданија, комбинации, позирање, изгледаат како од модно списание,а на истите ретко кој останува рамнодушен. Мартија постојано им се допаѓа на: Тамара Тодевска, Роберт Билбилов, Александар Тарабунов, Наташа Малинкова и многу други познати од естрадата.
Последните фотографии во низата изгледаат како од престижниот Вог, а Мартија едноставно ја носи ѕвездата во себе!