За младата пејачка Мартија Станојковиќ вчеравечер беше една од поважните моменти во животот кои се паметат засекогаш- матурската забава.
Подготовки и возбуда за главната вечер која тогаш ни се чини како нешто најголемно што треба да се случи.
Мартија како што е редот имаше и свој матурски партнер, а двајцата беа толку впечатливи, елегантни и гламурозни, како двојка од црвен килим во Холивуд.
Таа во црна тоалета во едноставен минималистички крој и асиметрични пресеци и гол грб, заокружено со „мокра“ фризура и висечки обетки во сребрена нијанса. Шминката сведена на минимум и сосема соодбетна на целиот стилски печат што сакала да го пренесе.
Ништо помалку впечатлив не беше ниту нејзиниот партнер, стројно симпатично момче во елегантен костум со пеперушка вратоврска. Се на се’ двајцата како совршен спој на денешните трендови, но исто и сосема соодветно за нивната улога од дадената ноќ.
Фотографии на Инстаграм следеа и со соученичките, но разбирливо и со мама и тато.
Вечерта за паметење останува спомен засекогаш, а по неколку години кога повторно ќе се соберат, ќе си поприкажуваат како им беше тогаш и колку всуштност времето брзо лета.
фото:Мартија Станојковиќ/Инстаграм принтскрин