Состојки:
700 грама јагнешко без коски (може да биде пилешко или говедско)
200 грама сливи
2 главици кромид
2 чешниња лук
еден морков
50 грама бадеми
1 мала лажица сусам
бибер и ѓумбир во прав по желба
1 лажица шеќер
6 лажици маслиново масло
Подготовка:
Измијте ги сливите и оставете ги во млака вода половина час. Потоа додадете шеќер и варете 10 минути. По потреба се додава топла вода за сливите постојано да бидат покриени.
Кромидот, лукот и морковот пропржете ги со 5 лажици масло, па додајте ѓумбир и бибер. Месото исечкајте го на коцки, додадете кромид и зачини и пропржете со постојано мешање 10 минути на висока температура. Додадете ги сливите со сокот во кој се вареле.
Посолете, покријте и ставете во рерна. Оставете да се пече час и половина во рерна загреана на 180 степени. Во меѓувреме на масло пропржете ги бадемите, извадете ги, па пропржете го сусамот. Додадете во готовиот сад.
Време на подготовка: 90 минути. Мароканскиот гулаш или тагин се подготвува и со пилешко, но најпознат е мароканскиот тагин со пилешко и солени лимон.
извор:kurir.mk