Maрјана Станојковска важи за една од најпознатите и најатрактивни македонски водители.
Марјана со години важи за заштитно лице на „Лото“. Меѓутоа, Станојковска беше и водителка на естрадниот магазин „Бекстејџ“ кој веќе има 14 сезони.
Марјана за „Бесктејџ“ проговори за нејзините почетоци во емисијата, за соработката со нејзиниот пријател, колега, починатиот пејач Влатко Илиевски, по што се издвојува магазинот од останатите шоубизнис емисии…
Како дојде во „Бекстејџ“?
-Морам да кажам дека „Бекстејџ“ има огромно значење за мене. Да не беше „Бекстејџ“ јас немаше да се занимавам со водителство. Се случи во вистински момент. Паметам кога ми се јавија да ми викнаат на разговор за да ми ја предложат целата идеја. Тогаш се уште немаше дефинирано кој ќе ми биде партнер. Знаев дека ќе треба да ми биде некој кој ќе ми одговара, некој кој што има телевизиско искуство и да е препознатлив лик. После некое време ми се јавуваат и ми викаат: Марјана ти најдовме супер партнер, мислам дека ќе бидете идеална комбинација за на телевизија. – Викам, добро за кого стануваа збор, ми викаат – Влатко Илиевски. Реков – одлично сте направиле одличен избор. Знаев дека добро ќе се вклопиме со Влатче. Така и беше“, вели Марјана.
Која ти е првата асоцијација поврзана со „Бекстејџ“, некоја анегодата која ја немаш кажано?
-Ме асоцира на Влатче, на тие почетни денови кога започнуваше целиот проект. Има многу анегдоти. Јас секогаш се сеќавам на едно снимање кое беше по повод за 1ви април кога си ги сменивме улогите. Тоа беше идеја на Влатче. Се сеќавам кога ми кажа – Мацо да направиме нешто интересно за 1ви април. Ајде да си ги смениме улогите, јас ќе се потрудам да те одглумам, ти мене. Најинтересно беше тоа што беше спонтано, ние немавме сценарио. Излезе многу интересно, сите имаа позитивни реакции. Со „Бекстејџ“ ме врзуваат многу убави спомени. Прекрасни дружби, јас никогаш не сум си поминала поубаво како со екипата од Бекстејџ.
Како сега ти изгледа „Бекстејџ“?
-Беше и остана број 1 естраден магазин. Професионалноста е на највисоко ниво. Информациите се дознаваат од прва рака, се гледа таа посветност и се гледа љубовта кон работата. Не можеш да ја излажеш публиката затоа што публиката ги следи оние кои што имаат што да презентираат.
Целото интервју со Марјана погледнете во видеото подолу.
фото: принтскрин/јутуб/бекстејџ