Македонскиот пејач Марјан Коцев е во брак со сопругата Биљана со која неодамна прославија осум години брак. Тие се запознале на една свадба каде што пеел пејачот, а неговата сопруга била гостинка.
По една година врска, Марјан и Биљана ја крунисале љубовта со брак.
Пред два дена тие прославија осум години како се во брачните води, а пејачот на својот профил сподели фотографија од свадбата и се пофали дека на 17.07.2010 година тие ставиле потпис и официјално станле сопруг и сопруга.
Еве како изгледале на нивниот важен ден кога го кажале судбоносното „да“.
Инаку, младиот пар ја има ќерката Дуња, а во октомври ќе станат родители на второто дете.
фото: Фејсбук