Иако не е родена Македонка, пејачката Марина Тошиќ со години живееше и работеше во Македонија, крстарејќи ги ноќните клубови, дискотеките и кафеаните низ земјава со своите настапи, пред да реши да се пресели во Бугарија, каде се обиде да направи интернационална кариера.
Покрај песните и провокативниот стајлинг на настапите, Марина стана позната по уште попровокативното однесување и предизвикувачките разголени фотографии…
И Марина Тошиќ „се пали“ на бујни атрибути: Пејачката ги откри сексуалните афинитети? (ФОТО)
На официјалните фотосесии, приватните разголени селфи пози, кои не се срамеше да ги сподели дури и на јавни места.
Интригантна, шокантна, провокативна, предизвикувачка… Марина во многу нешта потсетува на Карлеуша! Пеењето можеби не и најсилната страна, што се покажи и при обидот да се „протне“ на „Ѕвездите на Гранд“ каде заврши неславно, ама затоа сето останато…
Стројна и бујна со раскошна силиконска предница, извајана задница, расна русокоса која буквално околу себе шири еротски набој на кој тешко може да му одолее било кое машко, а Бога ми и женско…
Впрочем, Марина неретко си игра експериментирајќи со сексуалноста со која или го „опипува пулсот“на публиката или лично сака да се увери во што е разликата кога спроти себе има љубовна авантура со припадничка на нејзиниот пол.
Нејзините лезбо афинитети или само лезбо манипулации одново ги покажа при снимањето на новото видео во кое разголена по еротска долна облека во постела со уште една дама, прашува: „Што повеќе преферирате“?
Патем, на последните фотографии Марина во уште еден сегмент ја ископирала Карлеуша.
Неколку црно-бели пози топлес, во еротски занос, клечеечки само по гаќички… Со само една желба…
Па кој(а) знае, може и смее, нека проба да ја загрее!
Фото: Интаграм принтскрин/marinatosicofficial