Радио Милева Дали е крај?

Марина Гагиќ, свршеницата и мајка на неговото дете, го оставила Дарко Лазиќ?!

Марина Гагиќ, свршеницата и мајка на неговото дете, го оставила Дарко Лазиќ?!

Фолкерот Дарко Лазиќ и неговата неофицијална сопруга Марина Гагиќ, со која го има синот Алексеј, честопати се во центарот на интересот на јавноста поради турбулентниот однос за кој разговараа во повеќе наврати, а сега се соочуваат со нови проблеми, како што пишува „Блиц.рс“.

Наводно, Марина и Дарко повторно се скарале, па Марина демонстративно го отследила од социјалните мрежи, додека тој продолжува да ја „следи“.

– Честопати се расправаат за неговиот начин на живот. Тој постојано прави што сака, без да размислува за последиците, а секој негов несовесен потег завршува на насловните страници. Марина е многу нервозна, сфати дека повеќе не може да го прави ова и дека е готово – изјави извор од „Блиц“ за нивната ситуација.

Исто така, Лазиќ наводно, се соочил со сериозни проблеми откако неговото име беше поврзано со името на Вељко Беливук (Веља – Невоља), водачот на криминалната навивачка група, осомничен за најтешките злосторства.

Свршеницата на Дарко ги избриша сите нивни заеднички фотографии од Инстаграм, па сега на нејзиниот профил може да се најдат само слики со малиот Алексеј, па евидентно е дека Марина решила да сврти нов лист.

https://arhiva.vistina.com.mk/radio-mileva/darko-lazikj-stravuva-za-svojot-zivot-i-semejstvoto-otkako-go-povrzaa-so-velja-nevolja-folkerot-najmil-tojca-telohraniteli-da-go-chuvaat-24-7-foto/

To top