Најпопуларната регионална музичка пејачка Марија Шерифовиќ важи за некој што нема влакна на јазикот, па секогаш го кажува тоа што го мисли.
Познато е дека Шерифовиќ е фан на Лепа Брена, па така пред неколку месеци Марија ја покани Брена да и биде гостинка на нејзиниот концерт, при што фолк дивата прифати со задоволство.
Неодамна, Марија и Брена настапуваа и во Македонија на Струмица Опен Фестивал.
И двете пејачки периодов се актуелни со настапи и концерти, но Брена исто така се подготвува и за својот спектакулерен концерт на 20 октомври во „Штарк Арена“.
По тој повод, Марија на „Инстаграм стори“ го сподели официјалниот банер за концертот, а во описот направи анкета кој ќе оди на концертот.
Пејачката се пошегува дека оние кои ќе кликнат на „НЕ“, ќе ги блокира.