Марија Шерифовиќ неодамна ја исполни улогата на мајка и оттогаш можеме да ја видиме во едно поинакво, поемотивно светло.
Таа сега се сликаше со наследникот Марио, а потоа имаше порака до сите.
– Одете веднаш, гушкајте ги мајките, татковците, бабите, дедовците, децата, сопрузите, сопругите, девојките, момчињата, пријателите, кумовите, чичковците, браќата, сестрите и бидете благодарни затоа што сте здрави, сити и сакани – напиша Шерифовиќ.
View this post on Instagram
Марија тогаш откри дека станала многу емотивна на што не била навикната.
– Нешто сериозно не е во ред со мене. Скролам низ Инстаграм, го гледам Џери Мегваер, сега ми фали пица, чоколадни шејкови и слично. Итно треба да престанам да бидам толку емотивна. А можеби е само време да се збогуваме со таа Марија – рече таа.
View this post on Instagram
Марија потоа организираше анкета и ги праша луѓето дали повеќе им се допаѓа „емо Марија“ или „опасната“?
– Не ми се допаѓа насоката во која оди оваа анкета – низ смеа додала Шерифовиќ.
фото:instagram printscreen/ serifovic