Пејачката Марија Шерифовиќ од Америка во Белград го донесе својот син Марио (кој го доби со помош на сурогат мајка).
Оттогаш, деновите ги поминуваат во луксузниот стан на Марија во „Белград на вода“, кој стана новиот дом на Марио.
Шерифовиќ сѐ уште го крие лицето на својот наследник, но првите моменти ги сподели со него преку платформата Јутјуб, каде објави блог кој моментално е меѓу најгледаните клипови во Србија.
Во блогот можеме да ја слушнеме Марија како го тепа синот и го нарекува „Супер Марио“, како ликот од истоимената популарна игра.
Марија веќе е многу приврзана за синот, исто како и нејзината мајка Весна, па често можеме да ги слушнеме како на шега се „караат“ кој од двете ќе го чува.
Да потсетиме, Марио е роден на 2 декември 2023 година, со помош на сурогат мајка која го родила во клиника во Лос Анџелес. Оттогаш Марија Шерифовиќ е негов единствен и законски родител.
Фото: Принтскрин/instgaram/serifovic