Нова милионерски љубовен бран ја заплисна „џепната венера“ на бугарскиот поп-фолк, пејачката Марија.
До неодамна, сексапилната фолкерка оставше гласините за нејзината наводна нова врска да се вртат без да се појави никаков доказ за нив. Сега Марија со фотографија го призна присуство на уште еден богат љубовник во нејзиниот живот, а според шпекулациите на добро упатените, тоа е бизнисменот Илијан Цанев.
„Љубов моја“, напишала бринетата под фотографијата на социјалните мрежи, на која се гледа нејзината рака, нежно обвиткана околу машка дланка. Од фотографијата станува јасно дека мистериозната посилна половина на пејачката има фетиш кон часовниците.
Според експертите, додатоците за мерење на времето на рацете на вљубените гулапчиња ја надминуваат цената на десетдневен одмор за четиричлено семејство. Идентитетот на богатото момче на пејачката засега останува тајна, но нејзините најжестоки обожаватели се сигурни дека наскоро ќе покаже кој е нејзиниот избраник. Засега, Марија е задоволна само со коментарите под фотографиите, во кои врие од желби за среќен семеен живот без облачна убов. Не недостасуваат и хејтерски изливи, кои се вртат околу изборот на поп-фолкерката да биде со само исклучително богати мажи.
Во последната година, Марија мораше да донесе тешки одлуки. Откако минатото лето ги шокираше сите нејзини обожаватели дека става крај на својата 20-годишна музичка кариера, се врати неколку месеци подоцна. Таа призна дека љубовта ја тера кон такви постапки. Во неодамнешното интервју, Марија откри дека повторно ќе застане пред олтар.
„Подготвена сум повторно да бидам невеста. Би се омажила повторно, но само за еден човек. Единствениот во мојата глава“ – открива Марија. Дали човекот со скапиот часовник ќе биде последниот во животот на распеаното бугарско секси мињонче… останува допрва да дознаеме“, пишува „Бугарија денес“.