Марамите во изминатата година станаа еден од најпосакуваните модни додатоци, најмногу благодарение на својата сестраност.
Освен околу врат, може да се носат и како гуми за коса, а пожелни се и како украс на торби.
Но, ова лето, сите „it“ Инстаграм девојки ќе ги носат на исти начин и тако ќе собираат стилски бодови и на плажа.
Моментално најпопуларно е марамата едноставно да ја врзете околу главата, а во овој дел можете да си поиграте со разни начини на врзување, на пример, да направите машна или да врзете обична трака.
извор:точка.мк