Живот и Стил

Мантил и здолниште се непогрешлива комбинација: Трендот заради кој едвај чекавме да дојде есен

Мантил и здолниште се непогрешлива комбинација: Трендот заради кој едвај чекавме да дојде есен

Ќе се согласите дека есента асоцира на капути во земјени нијанси, а без нив модата оваа сезона е незамислива.

Покрај кожената јакна, мантилот важи за едно од основните парчиња облека за преодниот период од годината. Дополнително, секоја модна комбинација ќе ја подигне на повисоко ниво и ќе и даде нота на сериозност или лежерност, бидејќи идеално се комбинира со чизми, чевли на високи потпетици, патики, панталони, здолништа итн.

Сепак, можете да го направите вашиот изглед посебен со познато и едноставно парче облека. Станува збор за здолниште кое ќе и прилега на секоја дама во комбинација со капут.

1. Совршена комбинација за излегување

Оваа комбинација ќе му даде на вашиот изглед намален, но и привлечен изглед со многу повеќе вкус отколку здолниште или фустан од оваа должина со кратки чизми.

2. Стајлинг погоден за повеќе пригоди

Со памучна ролка и здолниште имате дневна варијанта за шетање, работа, ручек со пријателите.Меѓутоа, доколку ролката ја комбинирате со здолниште од тул или тантела, ќе добиете идеален стајлинг за вечерно излегување.

3. Деловен стајлинг

Ова здолниште ќе ја нагласи вашата фигура и ќе биде ефективно во секоја комбинација. Одберете го оној со висок струк, поиграјте си со материјалите, а освен палтото, ова здолниште можете да го земете во комбинација со црна кожна јакна.

извор: Попара.мк

To top