Живот и Стил

Манастирска пита со суво грозје: Совршен десерт за оние кои постат

Манастирска пита со суво грозје: Совршен десерт за оние кои постат

Во деновите кога се пости на вода е прилично тешко да се направи разновидно мени, особено кога станува збор за сладокусците.

Но, оваа пита е како создадена за тие денови!

Потребни состојки:
– 500 гр. брашно
– 100 гр. шеќер
– 500 мл. млака вода
– 1/2 шолја суво грозје
– 6 лажици џем од кајсија
– сок и рендана кора од еден портокал
– 1/2 лажиче прашок за печиво
– 1 лажиче сода бикарбона
– рендана кора од лимон
– 1/2 лажиче цимет

Начин на подготовка:
1. Вклучете ја рерната да се загрее на 180 Целзиусови степени.

2. Во подлабок сад ставете го брашното, прашокот за печиво и содата и измешајте за да се соедини.

3. Потоа, по ред додајте суво грозје, рендана кора од лимон и портокал, цимет, сок од портокал и вода, па сето тоа добро измешајте го со лажица.

4. Обложете тркалезен калап со пречник од 28 центиметри со хартија за печење, ставете ја смесата за питата и израмнете ја со лажица. Печете околу 30 минути.

5. Кога ќе се испече, извадете ја од калапот и оставете ја да се излади, а потоа пресечете ја по должина на две кори, па долната премачкајте ја со џем.

6. Потоа преклопете со горната кора, а пред послужување на колачот, по желба, посипете го со шеќер во прав.

извор:точка.ком.мк

To top