Радио Милева Среќна 11-ка

„Мама ќе е тука и кога не е“: Наследникот на Миа Костова порасна во вистинско момче (ФОТО)

„Мама ќе е тука и кога не е“: Наследникот на Миа Костова порасна во вистинско момче (ФОТО)

Иако е една од најангажираните и најпопуларните инфлуенсерки во Македонија, Миа Костова пред се’ е мајка, грижлива и посветена на својот син Андрија.

Во секојдневните објави на Инстаграм таа неретко знае да сподели некоја интересна ситуација со нејзинииот наследник, а неодамна сподели и традиционален рецепт за стомачен вирус кој не беше реклама туку лек кој брзо помага па, по некое непишано правило и кај нив се активираше токму ден пред нејзиното дете да замине на кампување.

Дека е грижлива мајка за тоа нема збор, бидејќи сега на нејзиниот профил сподели и една емотивна порака по повод неговиот роденден.

„Животе мој, да си ми со силно здравје и ваква насмевка низ секоја патека во животот. Мама ќе е тука и кога не е“ – напиша Миа на фотографијата која ја сподели на нејзините следбеници.

Таа му ја посака најубавата порака која само мајката може да ја изведе, а тоа е и кога не е да е присутна, бидејќи знае да му дава сила на своето најмило и од далечина.  Во аголот на фотографијата Миа прикачи и мала слика кога тој беше бебе но, времето брзо лета и сега е веќе „големо“ и среќно момче.

Со слика од базен и торта со бројот 11 -сет  му посака уште еднаш Среќен роденден.

Според фотографиите таа откри дека роденденот го славеле во игротека со летна атмосвера во базен,  со роденденски украси, кои веруваме дека му се допаднале на славеникот.

Децата брзо растат но, без разлика дали се мали или самостојни индивидуи мајката е секогаш е тука.

Честитките со најубави желби пристигнуваа на нивната адреса, а поранешната водителка со задоволство ги сподели на социјалните мрежи.

Фото: Принтскрин/Инстаграм/Миа Костова

 

To top