Покрај тоа што не е добро да ставате чинии полни со храна во него, не е добро да пуштате некои видови храна и хемикалии во одводот бидејќи може да ја оштетат цевката.
Првото нешто што никогаш не треба да го фрлате во одводот се маснотиите – тоа е многу штетно за цевката, но и за околината. Може да се стврдне и да формира блокада што е многу тешко да се отстрани. Почекајте да се згусне и стврдне на собна температура, па фрлете ја во ѓубре.
Едно нешто што повеќето луѓе го фрлаат во одводот е талогот од кафе, но тој се однесува како маснотија – делува како тиња и го затнува вашиот одвод. Фрлете го во ѓубре или искористете го за нешто друго.
Никогаш не ги фрлајте остатоците од храната, особено коските, во одводот. Коската може да ја пробие цевката, а тоа ќе го предизвикаат насобраните остатоци од храна. За крај, ако имате стари лекови, подобро е да ги носите на специјализирани депонии отколку да ги испуштите во одводот.
Извор: Курир.мк