Во кругот на најблиските членови на семејството во еден ресторан во Нови Сад- Србија, Натали Грубовиќ го славеше роденденот на својата наследничка која носи исто име како мама, Натали.
Малата принцеза потпорасна и наполни две години, а по тој повод се собраа семејствата, наздравија и се веселеа за убавиот повод.
Малата Натали носеше слатко бело фустанче, додека големата, односно мама се одлучила за розов романтичен фустан, нежна шминка и ноншалантна фризура.
Поранешната Бинго девојка и манекенка ретко е активна на социјалните мрежи, освен кога има некој убав повод и причина, баш како овој.
Инаку, неодамна во медиумите се појавија информации дека Натали е бремена и по вторпат ќе стане мајка.
https://arhiva.vistina.com.mk/radio-mileva/trudnichkoto-stomache-vekje-se-gleda-natali-grubovikj-kje-stane-majka-po-vtorpat-foto/