Радио Милева музика и медицина...

Македонците растураат во „Никогаш не е доцна“: Калиопи беше во жирито, Билјана „го преврте студиото наопаку“ со својот настап (ВИДЕО)

Македонците растураат во „Никогаш не е доцна“: Калиопи беше во жирито, Билјана „го преврте студиото наопаку“ со својот настап (ВИДЕО)

Можеби српските и воопшто регионалните музички ѕвезди „хараат“ по Македонија, ама затоа Македонците растураат на регионалните музички талент шоуа. Така, уште една Македонка, која до душа живее и работи во Лондон, во последото издание на музичкото шоу за повозрасни „Никогаш не е доцна“ го крена студиотона нозе, го преврте наопкау со својот настап.

Харизматичната и позитивна Билјана  Зеровска,  фармацевт на која музиката не и е професија, ама затоа и е прва љубов или како што самата вели: „Во нашето семејство секогаш се било во знакот на М и М – музика и медицина, зашто потекнува од докторско семејство во кое обата родители и се лекари, а нејзиниот татко патем бил и врвен виолинист, а мајка и свитела клавир.

Завршила нижо музичко училиште, сакала да стура глума, но на крајот сепак завршила на фармација, а денес работи како менаџер на еден познат ланец од 130 аптеки во Лондон и цела Британија.

Како што ќе рече при петставувањето: „Имам две ќерки, и две цели кога е оваа емисија во прашање. да се забавувам и одам понатаму со настапите и да работам за ова шоу како претставник во Лондон“.

Таа потоа додаде и дека се пријавила во ова шоу за да ја исполни големата желба на нејзината почината мајка.

„Тоа беше желба на мојата почината мајка која не ја пропушташе оваа емисија и кога и запеав во време на короната со еден хит на Фејсбук, таа ми кажа дека ќе ме пријави, но таа потоа за жал, почина, замина кај ангелите, па еве овде ме пријавија ќерките“ – ќе раскаже Билјана

Билјана  на сцената ја отпеа евровизиската „Хајде да лудујемо ове ноќи“ на единствената Тајчи, и ги освои срцата на жирито во кое покрај непроменливиот Маре овој пат беа и нашата поп дива Калиопи која и се обрати на македонски, како и Жељко Самарџиќ кој исто така имаше само пофални зборови. Сепак за нејзиното минување понатаму одлучуваа гласовите на следбениците на шоуто на социјалните мрежи, каде по пат на  Фејсбук гласање онаа што ќе освои повеќе гласови од публиката, продолжува понатаму.

Гласањето траеше до 31.10. 2023 на полноќ, а истото за цело време беше мошне неизвесно и изедначено, но на крај, за среќа  Билјана сепак победи со мала разлика и оди понатаму.

Како звучеше и изгледаше настапот на харизматичната Македонка од Лондон во „Никогаш не е доцна“, која со својот настап ги крена сите на нозе, погледнете од видеото во  продолжение, во кое настапот на Билјана е на самиот почеток:

To top