Радио Милева во име на љубовта

Македонско -хрватски свадбен микс: Пејачот Давид Темелков ја ожени Хрватката Елена, таа беше невеста како принцеза, а тој младоженец со необичен детаљ (фото)

Македонско -хрватски свадбен микс: Пејачот Давид Темелков ја ожени Хрватката Елена, таа беше невеста како принцеза, а тој младоженец со необичен детаљ (фото)

Поранешниот македонски Икс- Фактор учесник, пејачот Давид Темелков, како што најави, така и направи. На голема свадба со преку 250 гости тој ја славеше својата венчавка со хрватската водителка Елена Јунг која се случи викендов.

Најпрвин си го дадоа заветот пред Бога во црквата Св.Богородица во Скопје, за потоа забавата да продолжи во еден скопски ресторан каде се помеша македонско –хрватската свадбена традиција.

По желба на невестата свадбата се случи во Македонија, па околу 80-тина сватови и гости од Хрватска дојдоа во чест на младите, да им посакаат среќен брак и да наздрават во име на љубовта.

Желба на младоженецот пак, беше на свадбената веселба да пее Анета „Молика“, што и се случи.

Давид понесен од еуфоријата не го пуштил микрофонот од рацете, а споените вокали со Анета, биле празник за уши.

Невестата на себе имаше венчаница во принцеза крој со волуменозна кринолина, младоженецот елегантен во црн костим и со еден необичен детаљ, цветно венче какво носеше и невестата.

Се виореа македонското и хрватското знаме, а Елена и Давид успеаја преку својата љубов да ги спојат обичаите.

Инстаграм профилот од делот за „стори“ беше густо набиен кај младоженецот кој објави цела галерија фотографии од највпечатлите моменти.

За потсетување, во 2021 година Давид јавно на еден настап во Градишка ја запроси Елена Јунг, која кажа – ДА.

фото:Инстаграм принтскрин/Давид Темелков

To top