Радио Милева во хармонија со самите себе и околината

Македонските водителки со мудри мисли, предлози и препораки: Снеже Велков за егото и самобендисаноста, Сузана Турунџиева за флексибилноста и умереноста (ФОТО)

Македонските водителки со мудри мисли, предлози и препораки: Снеже Велков за егото и самобендисаноста, Сузана Турунџиева за флексибилноста и умереноста (ФОТО)

Секој човек е индивидуа за себе, со свој карактер, свои навики, свои тертипи… Сепак постојат некои универзални правила на однесување, граници кои не смеат да се поминат, норми кое мора да се достигнат, за доволно успешен, а сепак доволно раат живот… така барем порачуваат познатите македонски ТВ водителки, од кои едната и фитнес инструкторка, а другата и пејачка и писаталека…

Снеже Велков обожува да споделува мудри мисли и цитати, понекогаш туѓи, понекогаш свои… дали и лично ги практикува, и како стои на тоа поле ползувајќи го сопственот искуство – само водителката си знае. Она што сите го знаат е она што таа се обидува да им го посочи како рецепт за подобар и поспокоен живот. Последното нешто – цитати од една книга која и паднала в раце. Насловот  доволно говори сам по себе за што се работи – егото… Сите го имаме, секој жив човек, ама тоа  не значи дека и секој е егоист, иако за волја на вистината, секој од нас понекогаш е „его-тип“ во сопствениот „его-трип“!  Егоист или реалист, самобендисан или скромен, напорен или умерен… и уште сто и еден совет за тоа кој ста и кави (не)треба да бидете… По литературна препорака на Снеже Велков, која сами ќе си се препознаете каде припаѓате. Такава е барем нејзината топла препорака, откако како што самата вели, два пати ја прочитала книгата. Останува да одговори што во неа препознала дека кај неа преовладува?

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Velkov Sneze (@velkovsneze)

Сузана Турунџиева меѓудругото е и самата писателка. Сакала или не дел од своите животни искуста сигурно ги преточила во своите дела.  Отааму и пораките и мудрите мисли кои Турунџиева не ретко знае да ги сподели на социјалние мрежи.

Животот воопшто не ја галел и милувал, но сепак занае да го живее со „полни гради“, онака како што треба и секој заслужува. Се рабира во границите на возможното и реалното,  во баланс и хармонија на својот внатрешен и оној надворешниот свет.

„Границите служат за да се означи местото каде завршува внатрешниот, а започнува надворешниот свет.
Ако се многу цврсти и строги, умее да боли, ако се лабави, умее уште повеќе да боли… Мерката е во флексибилноста, умереноста, а тоа се учи и усовршува“ – порачува Турунџиева.

Колку умеете самите да ја најдете мерката, зависи од тоа колку сте научиле и сте се усовршиле тоа да го практикувата… До душа во зависност во каква држава и каво опкружување живеете. Бидејќи за некои состојби – нема граници! Зашто ако ги имате – е погубно… За вас самите, секако!

Фото: Инстаграм принтскрин/velkovsneze/suzana_turundzieva

 

 

 

To top