Радио Милева Ден на трудот

Mакедонските познати дами 1-ви Мај го поминаа во квалитетно уживање: Која на ледина, која на планина, покрај вода или на плажа и пливање (фото)

Mакедонските познати дами 1-ви Мај го поминаа во квалитетно уживање: Која на ледина, која на планина, покрај вода или на плажа и пливање (фото)

Дел од македонските познати личности вчера времето го поминаа во природа, како што тоа обично го прават на 1-ви Мај, а овој пат некои заминаа и надвор од Македонија, во потоплите и егзотични места.

Некои останаа во Скопје и околината, некои отидоа преку граница, но според сликите и приказните на социјалните мрежи, нема сомнеж дека сите уживале и квалитетно го искористиле празникот.

Водителката Лила Филиповска сподели неколку фото приказни, во кои се гледа дека ужива на плажа во Дубаи.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Lila (@lilafilipovska)

Таа со фотографија во која е облечена во едноделен црвен костим на сите им го честиташе денот на трудот и порача дека живее по сопствени правила.

„Се’ можете да ми кажете, што сакате кажете, ама како да си го живеам својот живот, тоа не може никој да ми каже !!!Честит 1 -ви Мај другари“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Lila (@lilafilipovska)

ТВ водителката Ирена Спировска за 1 – ви  Мај се придружила на една планинарска група и ги посетила Белвишки водопади, па сподели видео од убавата природа.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Irena Spirovska (@irenaspirovska)

Фолк пејачката Сузана Гавазова со женско друштво им го честиташе празникот на сите, па покажа дека и таа се одлучила да ужива во пролетните убавини на природата, некаде на ледина покрај вода.

Пејачката Викторија Лоба прати честитка од  Охрид. „Мир! Труд! Мај!“ – напиша таа на нејзината Инстаграм приказна.

Во лежарно издание, таа покажа дека денот го поминала заедно со омиленото друштво, со нејзините миленичиња.

Фото: Принтскрин/Инстаграм

To top