Радосни вести пристигнуваат од домот на македонскиот пејач и неговата сопруга.
Имено, младиот пејач Антонио Тасевски кој повеќе од 15 години живее и работи во Чикаго и неговата сопруга Ана Марија ќе станат родители на нивното прво дете.
Убавите вести тој ги сподели на социјалните мрежи истакнувајќи дека наскоро ќе станат тројца.
Сопругата на Антонио треба да се породи во декември, а ова е нивно прво дете.
Антонио повеќе од 15 години работи и живее во Чикаго каде што има своја фирма за транспорт, а и редовно настапува.
Неодамна, тој времето во карантин искористи за да сними преработка на големиот хит „Тајно Моја“ од 2000 година на нашата најголема музичка легенда – Тоше Проески.