Откако претходната година се породи и на свет ја донесе малата Ева, Сања Сани Гроздановска не чекаше многу да се врати на своите ангажмани и активности.
Брзо му се врати на микрофонот и продолжи да пее, но најголемото време му го посветува на своето семејство. Секако, во сите активности и помага нејзиниот сопруг Мартин Гроздановски.
Така, Сани често знае на социјалните мрежи да го пофали сопругот дека ги чува децата. Тоа го направи и овој пат и го пофали својот сопруг, па се и пошегува со него : Вин Диeсел може вода да ти носи, стои во описот на фотографијата која ја објави Сани на Фејсбук.
фото: Фејсбук/сања сани гроздановска