Младата пејачка Љупка Арсовска уште од своето појавување во „Ѕвездите на Гранд“, а потоа и во „IDJShow“ привлече големо внимание кај публиката со својот вокал, настапот и секако со својот секси изглед.
Позната по трансформациите,Љупка најпрвин се присети на безгрижниот период од својот живот, а не одолеа да објави ТикТок видео на кое се гледа како изгледала додека била малечко девојче.Имено, таа го покажа својот лик во кадар одблизу, а како што се гледа, тогаш имала кратка црна коса и шишки, а до израз доаѓаат нејзините препознатливи темни очи и насмевката.
„Дајте ми малку време“ – напишала таа. Потоа во видео споделила и фотографии слики на кои покажа како младата пејачка изгледала некогаш, кога била русокоса. Фотографиите се направени пред три години, а на Љупка, очигледно, исто толку доро и прилега оваа боја на коса.
На овој начин таа покажа дека со текот на времето многу се променила и дека прераснала во неодолива црнка со многу привлечен изглед.
Покрај телесните атрибути, нејзините секси ТВ настапи и провокативниот имиџ придонесоа македонската пејачка да биде мошне привлечна за младите момчиња.
„Би сакала да сум заљубена, време е, зарем не?“ – порача пејачката во едно свое интервју за IDJТV.
При тоа појасни какви момчиња и се допаѓаат и што прво забележува, односно „на што најмногу паѓа“ пејачката:
„Очите, насмевката и харизмата“ – како од топ одговори Љупка!
Да потсетиме, Љупка остана запаметена и по филмскиот бакнеж на сцена со колегата – учесник во „IDJShow“- то, Давор Арџик.
Но, со него потоа остана само во пријателски односи, бидејќи како што самата изјави, сфатиле дека многу подобро функционираат така. Двајцата открија дека сега се само пријатели и дека не се во врска, а дали некој во меѓувреме и го освоил срцето на македонската музичка ѕвезда во подем…?
Инаку, Љупка Арсовска после учеството во „IDJShow“, таа ја сними и песната „Лења“, која досега има повеќе од половина милион прегледи на Јутјуб.