34 годишната македонска актерка и поранешна мисица, Јана Стојановска по неколку години заедничко живеење со своето момче, реши да се мажи.
Имено, таа во интервну за емисијата „Ексклузив“ на 1ТВ немаше намера да открие дека има големи планови и новини пред себе, но нејзиниот сакан, кошаркарот Андрија Бојиќ, кој е Србин, а живее во Скопје, откри дека не само што ќе се венчаат, туку и дека чекаат бебе.
Да, да, вистина е! Има и мал стомак мал!- вели гордиот иден тато, а Јана само се смееше.
Таа е во четвртиот месец од бременоста, а иако се уште не го знаат полот на бебето, одлучиле дека ако биде машко ќе се вика Микаило.
Освен големата вест дека ќе станат родители, а Јана за првпат ќе се реализира во улогата на мајка, тие на 22 јуни ќе прават свадба во Белград.
видео извор:ексклузив/јутјуб/1ТВ