Во првата емисија од вториот круг на музичкиот натпревар „Никогаш не е доцна“ прва настапи македонската учесничка Јованка Јакимоски Митреска (47) , а по совршениот блуз кој претходно го изведе на големата сцена на Гранд, овојпат решила да отпее нешто сосема поинакво.
„Секоја убава песна ми е драга“ – рече натпреварувачката и нагласи дека во Македонија веќе ја препознале уште по првата емисија, пред да ја изведе песната „Бибер“ од Лепа Брена.
Жика реагираше воодушевено по пеењето на Јованка, а Драгана Катиќ сето тоа го сублимира во неколку зборови.
„Јованка, прва изведувачка, па што да кажам прво па машко“ – рече Драгана и му даде збор на Стефан Бужуровиќ, кој беше во жирито.
„Навистина мислам дека Македонците треба да бидат надвор од конкуренција кога станува збор за вакви песни и дека воопшто не треба да се натпреваруваат затоа што е бесмислено да се зборува за квалитет. А кога некој вака пее, сосема ми е јасно зошто не ги полага надежи на очекувањата, бидејќи така пее и знае што прави“ – изјави Стефан.
Натпреварувачката објасни дека ова е исклучително “захтевна“ песна за неа и се заблагодари за убавите зборови, а уште една членка на жирито, Вања Мијатовиќ, ја истакна енергијата на натпреварувачката.
„Оваа песна е толку емотивна и толку убаво ја обои со својата енергија.Се гледа дека уживаш во секоја нота на сцената, во секој момент, а мене ова вечерва многу ми се допадна“ – изјави Вања.
Претседателот на жирито Саша Милошевиќ – Маре ги разреши сите можни дилеми околу квалитетот на натпреварувачката.
„Ако некој се сомневаше по првиот настап кога изведовте песна која не е толку позната на овие простори, сега и последниот сомнеж дефинитивно исчезна. Можете да пеете што сакате, а изборот на оваа песна беше полн погодок“ – нагласи Маре.
Жика уште еднаш ја поздрави натпреварувачката, а потоа и ја претстави мајка си Цветанка Јакимоска која со неа дојде од Крушево.
„Ова е прекрасно шоу и сиот свет е среќен“ – рече мајката на пејачката и раскажа за што разговарала со своите пријателки.
„Признавам дека сум малку горда додека зборуваат за настапот на ќерка ми“ – рече Цветанка, а натпреварувачката објасни.
„Мајка ми како дете доби стипедија за да учи пеење, но не го направи тоа бидејќи такви беа времињата.Но, таа пееше по дома, на работа, а сега ми е многу мило за неа што ќе се појави и на сцената“ – додаде Јованка и ја изведе песната „Кирјана вино продава“ заедно со нејзината мајка, која на сцената дебитираше на 71 годишна возраст, добивајќи овации за ревијалниот настап.
„Браво мајко, браво!“ – извика Жика, а настапите на Јованка Јо сама и заедно со нејзината мајка погледнете ги на самиот почеток од видеото во продолжение.
<