Во оваа сезона на „Ѕвездите на Гранд“ има неколкумина македонски кандидати кои успеаја да поминат во вториот круг. Секој од нив е посебен на свој начин, како со вокалната, така и со сценската изведба, харизма и енергија.
Но, 21 годишниот скопјанец Филип Пецовски, кога е во прашање енергијата на сцената на овој популарен регионален музички натпревар, остави најголем впечаток, како кај публиката, така и кај жирито.
View this post on Instagram
Највоодушевена од него како натпреварувач, беше пејачката Јелена Карлеуша, која тој ја избра да биде негов ментор, а во една од емисиите таа за нашиот Филип изјави:
„Она што го прави поразличен од чистиот шоумен е тоа што убаво пее и што има убава емоција. Тоа е ретко, јас такво нешто никогаш немам видено. Те одбрав тебе, затоа што таков како тебе на балканската сцена не постои. Знаеш дека мислам дека македонскиот јазик е секси“ истакна Јелена.
Поради несреќата, односно смртта на нејзината мајка Дивна, Јелена Карлеуша периодов отсуствува од снимањето и менторството на кандидатите, меѓу кои секако е и Филип.
На неговиот Инсатграм профил може да се погледнат нивни заеднички фотографии, но меѓу многуте позитивни коментари и пофалби, како и секогаш мора да се појават и „хејтерите“ кои на заедничката фотографија на Филип со Јелена му напишаа непристојни коментари:
„Имаш ти некои голи слики од Карлешуа, дај да исплакнеме очи“; „Не објавувај фотографии додека не ги фотошопира, те молам“, гласи друг коментар, но се јавија и такви во одбрана.
„Ти препорачувам да го избришеш коментарот. Бидејќи Јелена му е ментор, можеш да му направиш непотребен проблем“, пишува друг фан на Филип и Јелена.
„Хејтерите“ ги имало и ќе ги има, а јасно е дека меѓу повеќето наши успешни претставници во „Ѕвездите на Гранд“, младиот Филип е на добар пат да дотурка до финалните емисии.