Сочни и вкусни макарони од рерна. Ручек со само 300 гр месо за целото семејство.
- СОСТОЈКИ:
- 500 гр макарони
- 300 гр мелено месо
- 1 морков
- 200 гр кромид
- 100 мл масло
- 200 мл вода
- 150 мл домати пелати
- сол
- бибер
- зачин
- кашкавал по желба
- кругови домати
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
Макароните обварете ги во солена вода, не мора да бидат до крај обварени.
Издинстајте кромид и морков на масло. Додајте мелено месо, вода, зачини и крчкајте околу 10 минути. Додајте домати пелати или варени домати.
Во тепсијата редете ред макарони, фил, макарони, фил. Изрендајте кашкавал и наредете кругови домати.
Печете во рерна на 220 степени околу 35 минути.
Добар апетит!
извор:готви.мк