Фолкерот Дарко Лазиќ наводно е во голем проблем бидејќи левиот бубрег му откажува и врши само делумна функција.
Поради тоа пејачот е принуден да оди на трансплатација, но бидејќи не сака донатор да биде некој од неговото семејство, тој се одлучи за една болница во Италија каде што веќе е на листа на чекање, пишува телеграф.рс
Кога за неговиот проблем дознала мајката на Тара Симов, Мирослава, таа одлучила да биде донатор и да го донира својот бубрег бидејќи многу го сака Дарко.
„Кога слушнав дека на Дарко Лазиќ му треба бубрег добро се запрашав. Тој е млад човек и мора да продолжи да живее нормално. Јас ќе му го дадам мојот бубрег, исто како што би му го дала на мојот син. Пред него е целиот живот. И јас имам деца, затоа така размислувам. Ќе му го поклонам својот бубрет, мене ми доволен ми е еден за да преживеам. Ве молам, нека ми се јави и јас веднаш ќе започнам со потребните анализи. Се надевам дека мојот бубрег ќе одговата на неговиот“ изјави Мирослава Симов.