Радио Милева Во здраво тело, здрав дух

Мајката на Хелена Роза и отиде на гости во Нов Зеланд, а таму на свои 74 години мама Роза прифати предизвик кој е за поздрав (фото)

Мајката на Хелена Роза и отиде на гости во Нов Зеланд, а таму на свои 74 години мама Роза прифати предизвик кој е за поздрав (фото)

Поминаа 7 години откако Хелена Роза заедно со семејството се пресели во Нов Зеланд, а изминатите години она што најмногу и ностасува од родната земја се нејзините најблиски, мајка си, сестрата, внуците…

Деновиве Хелена живее посебни денови исполнети со среќа, возбуда и љубов бидејќи кај неа на гости следните три месеци е нејзината мајка, госпоѓа Роза која на заминување на аеродром ја испрати Ребека.

За една мајка пак, нема поубаво чувство да биде покрај своите деца и внуците. Постарата ќерка Ребека и нејзините деца се во Скопје, и баба ги гледа почесто, но Хелена, Кјара и Тиан се далеку, а со тоа и многу посакувани.

Сега баба Роза им е на гости и таму ќе апсорбира колку што може повеќе од нивната љубов и енергија додека се врати кон Скопје.

Неодамна го прославија родендент на Кјара, а деновите им се исполнети со многу активности меѓу кои и еден предизвик кој Хелена и го постави на мајка си.

Имено, баба Роза иако е во осмата деценија од животот, таа профати секојдневно да вежба во теретана заедно со ќерката.

Можеби не така тешки вежби, но кардио за кондиција и здраво секојдневие ќе и бидат задолжителни од дневната рутина.

Во здраво тело, здрав дух е девизата за поздрав живот за баба Роза.

фото:Fejsbuk/Instagram/хелена/ роза китановска

To top