Гвадалупе Родригез, мајката на славната пејачка и актерка Џенифер Лопез, накратко се појавила во емисијата „Today“ на „NBC“ во која нејзината ќерка гостувала со цел промоција на новиот филм „The Mother“ кој наскоро излегува на „Netflix“.
Во таа прилика Гвадалупе зборувала за својот зет, Бен Афлек.
„Знаев дека двајцата ќе бидат повторно заедно бидејќи се молев 20 години за тоа“, изјавила мајката на Џеј Ло, коментирајќи го прекинот на славниот пар во 2004 година.
Џенифер во текот на емисијата истакнала дека нејзиниот сопруг е одлична татковска фигура на нејзините близнаци Макс и Ела (15).
„Тој им е прекрасен татко и татковска фигура. Освен неговите три прекрасни деца, сега сме тука и ние и тој е фантастичен. Навистина добро се справува со предизвикот и тие го сакаат. Го ценат, како што го ценам и јас“, изјавила Лопез.
Бен Афлек неодамна во текот на гостувањето во емисијата „The Drew Barrymore Show“ изјави дека Џенифер Лопез е најубавата жена на светот, а во таа прилика открил и што прави неговата сопруга за да го одржи младешкиот изглед и какви прехранбени навики има.
„Ќе ти кажам нешто што ќе те изненади. Џенифер едноставно јаде што ќе посака. Што и да посака. Јаде колачиња, пица, сладолед, сè“, ѝ кажал Бен на водителката Дру Баримор и додал дека неговата сопруга е „вистинска жена со самодисциплина“ и поминува многу време вежбајќи.
фото:Инстаграм принтскрин/Јутјуб