Дарко Лазиќ се уште се наоѓа во болница во Земун каде што заврши по тешка сообраќајна несреќа.
Пејачот секојдневно го посетуваат неговите родители, а деновиве српските медиуми пишуваа дека свршеницата Марина донела одлука да го напушти и да ја раскине врската.
Меѓутоа, мајката на Дарко Лазиќ, Бранка за „Телеграф“ ги демантираше овие пишувања.
„Не е точно. Марина доаѓа секоја вечер, не доаѓа наутро“, изјави мајката на пејачот.
За потсетување, Марина и Дарко се во врска повеќе од шест месеци и тој пред сообраќајката изјави дека е многу заљубен и среќен.