Богдана и Вељко Ражнатовиќ неодамна запливаа во брачните води, а следната година ќе станат родители на нивното прво дете односно син.
Мајката на Богдана, Даниела неодамна во едно интервју истакна дека е пресреќна што ќе стане баба.
„Полека ги сумираме впечатоците од свадбата. Што се однесува до бебето, нека е живо и здраво, никогаш не ми беше важно дали е машко или девојче. Сите кои имаат внуче велат дека тоа е посебно чувство, но веројатно имаат многу повеќе време да му се посветат отколку што ќе имам јас“ вели мајката на Богдана.
Освен тоа, Даниела додаде дека не ја размазува својата ќерка иако е бремена.
„Нема што да ја советувам иако е бремена, таа се чувствува одлично, нема никакви проблеми во бременоста. Нека ја размазуваат Вељко и Цеца. Јас не сум размазана, па нема да нема да ја размам неа“ вели идната баба.
За потсетуваење, Вељко и Богдана на 24 ноември официјално запливаа во брачните води.