Популарната пејачка Маја Беровиќ објави фотографија со нејзината мајка Олга, која ги воодушеви сите со својот изглед, но и со промената на имиџот од минатата година.
Маја умешно ги криеше членовите на семејството кои живеат во Босна, сè до минатата година кога нејзината сестра Јелена беше на нејзиниот настап, а поради атрактивниот изглед, сите ја забележаа.
Пејачката сега покажа како изгледа нејзината мајка за првпат и објавуи фотографија од неа на социјалната мрежа Инсатграм, а поради младешкиот изглед, им се допадна на следбениците на пејачката.
Беровиќ сега сподели фотографија на своите „стои“на Инстаграм каде е заедно со нејзината мајка, а двете позираат прегрнувајќи се и со насмевка на нивните лица. Она што го привлече вниманието на сите е дека Маја за разлика од нејзината сестра не личи на мајка си.
Олга порано имаше долга црна коса, но реши да ја смени, а сега има сосема кратка коса. Заедно со споменатата фотографија, Маја објави и емотикон од срце, а секогаш истакнува мама Олга и е најголема поддршка и ветер во грбот во животот.
Погледнете како изгледаат мајката и сестрата на Маја: