Маја Беровиќ одлучи да стане актерка и ќе глуми Молдавка во филмот „Мегдан“.
Популарната пејачка доби улога која со задоволство ја прифатла и во филмот во продукција на синот на Ѓорѓе Балашевиќ, Алекса Балашевиќ, пејачката своите реплики ќе ги кажува на романски јазик.
Ова е прва улога на Маја за која мораше да научи и странски јазик.
– Маја глуми Молдавка и има реплика на романски. Навистина му се посвети на овој проект, долго време ги вежбаше своите сцени и акцент за што поверно да ја прикаже Молдавката – рекол изворот на Информер.рс близок до Беровиќ и додава дека сѐ уште ги чуваат деталите за нејзината улога во тајна.
– Маја нема да глуми пејачка, како што многумина очекуваа, туку многу интересна девојка од Молдавија. Не смеам да откривам детали, но сигурен сум дека гледачите ќе бидат позитивно изненадени и од нејзината улога и од нејзината глума.
Фото: Принтскрин/Инстаграм