Турскиот актер Бариш Ардуч и неговата сопруга и колешка, актерката Гупсе Озај станаа родители за првпат пред месец и половина, а оттогаш нивното синче кое го доби името Џан Асја Ардуч е центарот на нивниот свет.
Мама Гупсе е резервирана за објави на социјалните мрежи од своите мајчински денови, но тато Бариш направи преседан и сака гордо да се фали со својот најголем благослов.
Имено, тој објави фотографија додека е на прошетка во парк со бебенцето, а бидејќи е еден од најпопуларните актери во Турција, не се сомневаме дека бил магнет за женските погледи.
View this post on Instagram
За потсетување, Бариш и Гупсе се венчаа во месец јули 2020 годинина, односно пред точно две години. Претходно беа во долгогодишна врска и живееја заедно.
Бариш македонската публика го занае како Омер од „Вљубениот ерген“.