Радио Милева емотивно

Луна Ѓогани излезе од породилиште, а првата средба на Миа со бебето Лана ги разнежни сите (фото)

Луна Ѓогани излезе од породилиште, а првата средба на Миа со бебето Лана ги разнежни сите (фото)

Луна Ѓогани се породи минатата недела и ја роди ќерката Лана, а вчера гордиот тато Марко Миљковиќ отиде во породилиште да ги земе сопругата и новиот член на семејството.

Сето тоа го снимил за каналот Јутјуб и го објавил веднаш штом стигнале дома.

– Ќе ги земам Луна и Лана од породилно, па ќе си дојдеме дома, да видиме како ќе реагира Миа – почна тој и додаде:

-Инаку, бебето има блага жолтица, што е сосема нормално за речиси секое друго дете. Ја пуштија, не треба да се лекува во болница. Може да се лекува дома, слабо е. Ако, не дај Боже, се влоши, ќе ја однесеме да лечи што е можно поскоро. Среќен сум и еуфоричен. Се е убаво.

Марко пристигнал во породилиштето и прво ја бакнал Луна, а потоа и пришол на бебето кое го пресоблекувале. Тој тврди дека Лана е копија на мама.

– Ова се твоите нозе Луна – рече Марко.

– Се чувствувам одлично, едвај чекам да дојдам дома за да го видам моето прво дете. Дозволете ми да го гушнам и да ја видиме таа средба на двете сестри – рекла Луна.

А кога стигнаа дома ги чекаше изненадување. Миа подготвила цвеќе за својата мајка, а потоа и пришла на сестра си и побарала да и ја стават во скут.

-Еве ја сестрата Лана.

– Мала е. Ја чувам – рекла Миа.

Луна и Марко биле воодушевени од тоа како Миа ја прифатила нејзината помала сестра, па продолжиле да се смешкаат, а мама за малку ќе плачела од среќа.

Фото:Јутјуб/Sikter tube printskrin

To top