Радио Милева

Луна Ѓогани искрено за раскинувањето со Марко Миљковиќ: „Сè се случи во два дена, не знам што да кажам“

Луна Ѓогани искрено за раскинувањето со Марко Миљковиќ: „Сè се случи во два дена, не знам што да кажам“

Луна Ѓогани неодамна раскина со нејзиното момче Марко Миљковиќ со кого врската ја започне во реалното шоу „Задруга“.

Имено, Луна во интервју за курир.рс проговори првпат за раскинувањето со Марко, а како причина за нивната разделба истакна дека е разликата во карактерите  и вели дека нема никакви шанси да се смират.

фото: Принтскрин

На прашањето што се случило со Марко, зошто раскинале, Луна вели:

„Беше се совршено, но, ете се случи се во два дена. Не знам што да кажам“ вели пејачката.

На прашањето дали се надева дека ќе се смират, таа вели: „Не“.

Марко изјави дека надвор од реалното шоу никогаш не би се „смувале“ бидејќи Луна надвор е многу поразлична од реалното шоу.

„Не ме интеренсира што зборува бидејќи во двете „Задруги“ бев најискрена.  Во првата „Задруга“ го освоив второто место, а во втората победив. Тие што зборуваат дека сум вообразена ги молам да ме остават на мир“ вели Ѓогани.

фото: дамир дервишагиќ

На прашањето дали би пиела кафе со Слоба или Марко, таа вели:

„Не пием кафе со поранешните момчиња. Кога ќе заврши некоја врска, ќе ставам крај на таа приказна, така да ниту со еден од нив не би пиела кафе“ изјави Луна.

To top